Неверојатни сцени: Илјадници луѓе парадираат со пушки во рацете, бараат слободно носење на оружјето!

Точка

21/01/2020

15:20

2.337

Големина на фонт

а а а

Додека во западните земји луѓето на ова гледаат со неверување, во САД оваа парада е сосема нормална појава.

Станува збор за сопственици на огнено оружје и активисти – поборници за слободно носење на оружје, кои се противат на регулацијата на правото за поседување и носење на оружје, вклучувајќи ги полуавтоматските пушки кои се поприкладни за војна, отколку за цивилна употреба.

„САД, САД“ скандираа луѓето на парадата во Ричмонд, Вирџинија кои се собраа неколку илјади, сите притоа носејќи ги во рацете своите пушки и разно друго огнено оружје. Тие во Америка се познати како бранители на Вториот амандман од американскиот устав кој го гарантира правото на носење на оружје.

„Нема компромиси, воопшто. Вториот амандман не го ограничува тоа. Ако ги немате своите права од Вториот амандман, тогаш што ќе биде следно?“, порачаа демонстрантите.

Протестот беше организиран со цел да се изврши притисок против носењето на преложените закони кои би ја заостриле контролата на продажбата и поседување на оружје во оваа јужна сојузна држава каде што минатата година на власт дојдоа Демократите предводени од гувернерот Ралф Нортам.

Гувернерот Нортам прогласи вондредна состојба пред одржувањето на протестите и забрани носење на оружје пред зградата на државниот Конгрес.

Според „Вашингтон пост“, на протестот учествувале околу 6 илјади демонстранти. Голем број од нив за да дојдат до Капитол сквер морале да минат низ скенери за метал, а тие што не сакале да го направат тоа, останале да ги носат гордо своите пушки.

„Овие луѓе се одговорни сопственици на оружје. Ова се вистински, полнокрвни Американци. И не сум сретнал никој да се заканува на некого“, изјави еден демонстрант за „Фокс Њуз“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг