Неуспешна кражба: Украл автомобил од пред градинка, а во него имало...

Точка

21/01/2020

15:08

1.538

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Русија го бара мажот кој во понеделникот украл автомобил од пред градинка во градот Кинел, додека во возилото имало 4-годишно дете.

Се верува дека крадецот сакал да го искористи моментот додека работел моторот, па влегол во возилото не забележувајќи дека на задното седиште има дете.

Како што пренесуваат руските медиуми, момчето е пронајдено во една продавница во периферијата на градот, додека крадецот и автомобилот сè уште се бараат.


Засега не е познато каде биле родителите во периодот кога се случила кражбата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг