Пендаровски на форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот

Макфакс

21/01/2020

16:17

235

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре, ќе престојува во посета на Израел, каде што ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари, и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во светскиот меморијален центар на холокаустот, „Јад Вашем“, во Ерусалим, на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамките на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на холокаустот и борба против антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.

Пендаровски ќе има билатерална средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел, Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг