Статистиката вели дека една личност во просек пие по 3 шолји кафе дневно и тоа е само еден од доказите дека модерниот свет не може да живее без овој магичен пијалак.
Покрај позитивните ефекти кои ги има врз нашето здравје, кафето има и негативни последици врз организмот.
Многу е важно да не претерувате со овој напиток, а во продолжение прочитајте ги и знаците со кои телото ви покажува дека треба да го намалите внесот на кафе.
Кафето има лаксативно дејство. Помага во ослободување на хормонот кој ги забрзува процесите во желудникот и цревата. Премногу кафе може да доведе до дијареа, па доколку имате било какви проблеми со желудникот, време е да ја намалите дневната количина.
Да, кафето го стимулира вашиот нервен систем поради кофеинот и ги зајакнува психичките вештини за 11-12 проценти.
Некои студии покажуваат дека можно е да се чувствувате уморни дента откако сте консумирале премногу кафе. Намалувањето на кафето на две шолји на ден ќе го неутрализира овој ефект.
Големите количини кафе може да предизвикаат вознемиреност и анксиозност. Кафето е активатор за ослободување на адреналин кој може да влијае на вашето однесување. Доколку забележувате дека станувате нервозни, добра идеја е да ја намалите консумацијата на кафе.
Кофеинот ве одржува будни, но во истовреме може и да влијае на добриот сон. Истражувачите откриваат дека високите дози на кофеин можат да го продолжат времето кое ви е потребно за да заспиете.
Забрзаната работа на срцето е многу честа појава, а истата е констатирана кај млади луѓе кои пијат многу кафе бидејќи кофеинот го зголемува пулсот. Пиењето кафе не се препорачува за лица кои имаат проблем со висок притисок и тахикардија.
Кофеинот е суплемент кој го забрзува губењето на тежината. Студиите покажуваат дека кофеинот го забрзува метаболизмот за 3 до 11 проценти.
Проблемот е во тоа што многу луѓе, па дури и оние кои се нетолерантни на кофеин, стануваат зависни од кафе, а со тоа го намалуваат внесот на течности кои му се потребни на телото.