Ако барате идеја за брзо и вкусно печиво што можете да го послужите во кој било дел од денот, овие јогурт погачици се одличен избор. Не содржат квасец, се подготвуваат едноставно и се готови за околу половина час.
Рецептот е објавен на Инстаграм-профилот „Formula ukusa“, од каде што велат дека погачиците се подготвуваат брзо и лесно, а нивниот мирис ќе ја исполни целата кујна.
Потребни состојки:
За тестото:
• 2 чаши јогурт (околу 400 гр.)
• 2 јајца (одвојте една жолчка за премачкување)
• 1 чаша масло (околу 100–120 мл.)
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка шеќер
• лук во прав (по вкус)
• свеж магдонос, ситно сечкан
• 2 кесички прашок за печиво
• 600–650 гр. брашно (околу 4–4,5 чаши)
За филот:
• бело сирење (фета)
• моцарела или друго сирење што се топи
• сусам за посипување
Подготовка:
Во сад измешајте ги јогуртот, едното јајце, маслото, солта, шеќерот, лукот во прав и ситно сечканиот магдонос.
Додајте го прашокот за печиво, а потоа постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто.
Во посебен сад издробете ја фетата и измешајте ја со моцарелата.
Од тестото одвојувајте топчиња и секое растегнете го со дланките. Наредете ги во плех, премачкајте со жолчка, посипете со сусам, па во средината на секоја погачица ставете од смесата со сирење.
Печете во загреана рерна на 180 °C околу 25–30 минути, односно додека погачиците не добијат златно-кафеава коричка.








