Паркер, Џинобили, Ембид, Дончиќ…. Пристигнаа првите рекации за трагичната смрт на Коби Брајант (Фото)

Дерби

26/01/2020

21:54

8.971

Големина на фонт

а а а

Ужасната вест која пристигна од Калифорнија ја потесе цела светска спортска јавност, бидејќи денешниот ден ќе се памети по прераната смрт на легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

Човекот кој беше идол на милиони луѓе ширум светот денеска трагично го загуби својот живот на 41-годишна возраст, откако беше една од петте жртви во катастрофалната хеликоптерска несреќа која се случила во округот на Лос Анџелес. Сите реномирани американски медиуми со огромна жалост потврдија дека „црната мамба“ замина во историјата, а катастрофалната вест ги трогна големите НБА ѕвезди кои почнаа да се збогуваат од Коби преку социјалните мрежи.

– Уништен сум, – гласеше кратката порака на Џинобили.

– Срцето ми е скршено од оваа вест. Ти беше вистинска легенда, пријател. Почивај во мир. Моите мисли и молитви одат до неговата сопруга и децата, – напиша Тони Паркер.

– Не знам од каде да почнам. Почнав да играм кошарка поради КОБИ, откако го гледав во финалињата во 2010 година. Никогаш претходно не играв кошарка и тие финалиња беа пресвртница во мојот живот. САКАВ ДА БИДАМ КАКО КОБИ. Премногу сум тажен во овој момент, – порача ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, а со реакции се јави и Лука Дончиќ кој се молеше овие вести да не се вистинити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг