„Медена земја“ не доби „Оскар“ за најдобар документарец, повеќе гласови освои „Американска фабрика“

Макфакс

10/02/2020

04:01

6.928

Големина на фонт

а а а

Македонскиот филм „Медена земја“ не успеа да добие „Оскар“ за најдобар документарен филм, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. Наградата ја доби американскиот документарец, „Американска фабрика“.

„Работите ќе бидат подобри кога сите работници од светот ќе се обединат“, рекоа режисерите на „Американса фабрика“.

Овој филм е во продукција на продукциската куќа на Мишел и Барак Обама.

„Медена земја“ е номиниран и во категоријата најдобар интернационален филм.

Останати конкуренти за најдобар документарец на нашиот филм му беа британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“ и бразилскиот „На работ на демократијата“.

Првите честитки за филмското достигнување, по пристигнувањето во театарот „Долби“, Атиџе Муратова и екипата на „Медена земја“ ги добија од странските медиуми, кои ги интервјуираа. Тие им честитаа на успехот кој го постигнале, односно, за номинациите за „Оскар“ во две категории.

„Јас сум многу возбудена вечерва. Многу добро се осеќам и се надевам на еден ‘Оскар’“, рече Атиџе во првата изјава пред медиумите откако екипата пристигна во Лос Анџелес.

Претходно, Атиџе Муратова во разговор за „А1он“ рече дека многу ѝ е благодарна на екипата на „Медена земја“, но и предвиде дека филмот ќе го земе „Оскарот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг