Актерот Меколи Калкин, најпознат по улогата на Кевин во филмот „Сам дома“, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија од својата маска за Ноќта на вештерките. На фотографијата тој позирал со сериозен израз на лицето, со темна боја на лицето, поради што некои неговата маска ја прогласија за непримерна.
Калкин, изгледа се обидел да го имитира познатиот интернет-мем „thousand-yard stare“, односно погледот на војник кој минал низ трауматични искуства. Станува збор за војник кој вкочането гледа во далечината, а на социјалните мрежи често се користи за шегување со исцрпеноста, стресот или моментите кога сè нѝ е преку глава.
Фотографијата предизвика поделени реакции
Фотографијата набрзо стана тема на расправи на социјалните мрежи Икс и Редит. Додека едни сметаат дека костимот на Калкин е невкусен и навредлив, други не гледаат ништо спорно во неговата објава.
На дел од корисниците им пречи темната боја на лицето на актерот, која ја поврзаа со таканаречениот „блекфејс“ (blackface), односно практиката на потемнување на лицето заради карикирање на црнците. Некои пак сметаа дека изборот на воениот костим е непримерен во време кога ширум светот се водат бројни војни.
Од друга страна, многумина застанаа во одбрана на Калкин, објаснувајќи дека станува збор за маслинесто зелена боја каква што војниците ја користат за камуфлажа. Истакнаа дека актерот само се обидел што поверно да го долови изгледот на војникот од познатиот мем и дека во неговата објава нема ништо навредливо.
„Јасно ми е што сакаше да постигнеш, но…“
„Не станува збор за блекфејс, но сепак е малку непримерно и непромислено, со оглед на тоа колку војни моментално се водат во светот“, напишал еден корисник на Икс.
„Јасно ми е што сакаше да постигнеш, но ова е најлошиот можен начин да го изведеш тоа“, коментирал друг.
Сепак, сите не беа толку критични. Бројни корисници на Редит и Икс веднаш го препознаа познатиот мем што му послужил како инспирација на актерот.

Мемот настана според сликата на американскиот уметник Том Ли од 1944 година, на која е прикажан исцрпениот американски маринец за време на Втората светска војна. Години подоцна глетката стана популарна на интернет, каде што денес се користи како духовит приказ на целосна психичка исцрпеност.
„Очигледно е станува збор за зелена, односно маслинеста боја што војниците ја користат за камуфлажа“, напишал еден корисник. „Меколи Калкин совршено го имитира познатиот мем со војникот кој празно гледа во далечината. Ова е одлична маска за Ноќта на вештерките“, истакнал друг.
„Тажно е што луѓето во ова гледаат што било друго освен тој мем“, додал уште еден корисник.
Калкин засега јавно не се огласил за критиките што ги предизвика неговата фотографија.















