Се подготвува ли големото враќање на „Дестинис Чајлд“ повторно заедно? Кели Роуланд со мистериоен одговор ги разбуди надежите на обожавателите

Точка

02/11/2026

09:09

861

Големина на фонт

а а а

Дали групата „Дестинис Чајлд“ (Destiny’s Child) би можела повторно да се собере на сцената за време на полувремето на Супербоул во 2027 година? Оваа можност повторно ја поттикна имагинацијата на обожавателите откако беше најавено дека Џеј Зи ќе биде главниот изведувач на музичкиот спектакл на еден од најгледаните спортски настани во светот.

Минатиот месец беше објавено дека Џеј Зи, кој во НФЛ ја има улогата на стратег за музичката забавна програма во живо, ќе настапи за време на полувремето на Супербоул LXI.

Новинарите на магазинот „Пипл“ разговарале со Кели Роуланд на 28 октомври, на гала-вечерта на организацијата „Ербиенби.орг“ во Холивуд, а пејачката била прашана дали „Дестинис Чајлд“ би можеле да се појават како изненадување за време на неговиот настап.


Кели е блиска пријателка на Џеј Зи, пред сè благодарение на долгогодишното пријателство со неговата сопруга Бијонсе, со која некогаш биле членки на популарната женска група.

„Тоа не е моја работа. Тоа е негов настап. Тоа не е моја работа“, одговорила Кели, не сакајќи да открие дали се подготвува изненадување.

Групата имала шест членки, но најпозната е тројката

За време на постоењето на групата „Дестинис Чајлд“ низ неа минале вкупно шест пејачки. Сепак, најпознатата постава ја сочинувале Кели Роуланд, Бијонсе и Мишел Вилијамс.


Меѓу некогашните членки беа и Ле Тоја Лакет и Ла Тавија Роберсон, кои биле дел од оригиналната постава, како и Фара Френклин. Таа ѝ се придружила на групата на почетокот на 2000 година, заедно со Мишел Вилијамс, по заминувањето на Лакет и Роберсон, но по само шест месеци го напуштила составот.

Наградуваната група има објавено четири студиски албуми, еден божиќен албум и неколку компилациски изданија во периодот од 1990 до 2006 година.


„Дестинис Чајлд“ оставија голем белег на музичката сцена со хитовите како што се „Say My Name“, „Independent Women Part I“, „Survivor“, „Bootylicious“, „Lose My Breath“ и „Bills, Bills, Bills“.

Џеј Зи ќе настапи за време на полувремето на Супербоул LXI, што е закажано за 14 февруари 2027 година на стадионот „СоФи“ во Инглвуд, Калифорнија.


Иако Кели не сакала да потврди дали Бијонсе и Мишел ѝ се приклучат на сцената, нејзината загадочна реакција сигурно дополнително ќе ги поттикне шпекулациите за можен камбек на легендарната група.