Презгодна, но... Емили Ратајковски како да тргнала на плажа, а не на доделување на Оскарите

Точка

10/02/2020

21:27

13.777

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на престижните награди за Оскар е еден од најважните настани во Америка па така и облеката која ја носат присутните треба да биде во сосгласност со самиот настан.

Една од најбараните манекенки на денешницава, Емили Ратајковски (28) на 92-то доделување на наградите за Оскар во театарот Делби во Лос Анџелес се појавила во бела комбинација, но многу пооскудна од онаква каква што се очекуваше од неа...

Емили на црвениот тепих се појавила во бела топ маичка и долго здолниште во иста боја кое го спуштила до колковите за во прв план да бидат нејзините стомачни мускули.


Рака на срце, секако дека таа е една од најзгодните манекенки и навистина има што да покаже, но многумина сметаат дека истакнувањето на нејзиното голо тело на таков настан е непримерно.


Додека другите дами биле облечени во елегантни креации, Емили се појавила како да тргнала на ноќна забава или пак на плажа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг