Погледнете ја неверојатната суперјахта на Бил Гејтс која чини 644 милиони долари!

Точка

10/02/2020

14:40

12.054

Големина на фонт

а а а

Шефот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс за неверојатни 644 милиони долари ја купи суперјахтата SINOT Aqua - ова не е само уште една луксузна јахта, туку станува збор за првата јахта која како гориво користи течен водород.

Новата суперјахта на еден од најбогатите луѓе на планетата има пет луксузно уредени палуби, врвна брзина од 32 километри на час и може да помине дури 6750 километри пред повторно да мора да се наполни со гориво.

Суперјахтата е долга 112 метри, а во себе има два вакуумски изолирани резервоари за течен водород тешки по 28 тони кои ја одржуваат температурата на течниот водород на стабилни -258,89 Целзиусови степени.


Сето тоа овозможува напојување на моторите со поединечна сила од 1 мегават. Покрај тоа што има два задни мотори, јахтата исто така има и два странични потисници на сила со по 300 kW за подобро манееврирање. На располагање е и батерија со сила од 1,5 MWh која дава инстантна електрична енергија и ја напојува бродската електрична мрежа.

Од останатите погодности кои доаѓаат со оваа неверојатна суперјахта, тука е и мини водопад кој се наоѓа на крајот од базените на палубата. SINOT Aqua е опремен со опсерваторија која нуди спектакуларен поглед на тоа што се наоѓа пред бродот.

Секако, суперјахтата на Бил Гејтс исто така на располагање има и хелиодром, а патниците на копно можат да бидат превезени со електричен дрон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг