Живот по трагедијата: Ванеса Брајант објави емотивно видео од својот дом

Точка

10/02/2020

19:42

8.976

Големина на фонт

а а а

Вдовицата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, објавила видео на Инстаграм од својата ќерка Коко која се обидува да оди, а описот на видеото ги растажи фановите.

“Мојата Коко, изгледа исто како Џиџи, а ги има очите на својот татко”, напишала Ванеса. 

Коко односно Капри Коби е најмладата ќерка на кошаркарот и неговата сопруга, а е родена пред 7 месеци. Додека девојчето се обидува да оди со помош на “тета Рири”, Ванеса ја бодри зад камерите.

Фановите коментираат дека навистина ја гледаат сличноста на малечката Коко со 13-годишната Џијана, но и со нејзиниот татко.

Џијана чиј прекар беше Џиџи, и Коби Брајант загинаа на 26-ти јануари кога се сруши хеликоптерот со кој тие летале над Кабаласас, Калифорнија. Три дена по трагедијата, сопругата Ванеса го прекина молкот со порака на Инстаграм во која напишала дека е “потполно скршена” од загубата.

“Моите девојчиња и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои нѝ искажаа поддршка и љубов во овој ужасен период. Ние сме потполно скршени поради ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг Коби - неверојатниот татко на нашите деца; и мојата прекрасна, мила Џијана - прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри”, напишала 37-годишната Ванеса на Инстаграм.

“Ние сме скршени и поради семејствата кои исто така ги загубија своите сакани во неделата и ја делиме нивната тага. Нема доволно зборови со кои може да се опише болката. Ме теши тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеја дека беа многу сакани. Неверојатно сме благословени што ги имавме во нашите животи, би сакала да се со нас засекогаш. Тие се нашите прекрасни благослови кои нѝ беа прерано одземени”, додала Ванеса во емотивната објава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг