Пристигнува астероид кој би можел да уништи цели континенти – покрај Земјата ќе помине утре

Точка

14/02/2020

15:47

4.773

Големина на фонт

а а а

Астероидот кој што може да уништи цел еден континент со голема брзина се приближува до Земјата, потврдиле од американската вселенска агенција НАСА.

Астероидот 2002 PZ39 би можел да биде широк до еден километар, проценуваат астрономите.

Ова небеско тело според нив се движи со брзина од 57.240 км/ч., откриваат астрономите. Со ова темпо астероидот до Земјата ќе се приближи во попладневните часови во сабота, на 15-ти февруари.

„НЕО поголем од 140 метри би можел да нанесе штета на целиот регион каде што ќе удри или пак на континентите“ - пишуваат во извештајот од Белата куќа.

„Таков објект би ја погодил Земјата со енергија поголема од 60 мегатони TNT, што е повеќе од досега било кое тестирање на нуклеарно оружје“.

За среќа таквите астероиди кои се во наша близина се многу ретки и полесно е да се откријат.

Астероидот би можел да предизвика верижна реакција на потреси, цунами и други секундарни влијанија, недалеку од подрачјето на ударот.

„Објектите подолги од еден километар можат да нанесат штета на глобално ниво“ - пишува во извештајот на Белата куќа.

За разлика од другите природни катастрофи како што се земјотреси и урагани, на астероидите потребни им се многу години за да дојдат до нашата планета од длабочината на вселената.

Па тоа на човештвото му остава простор да се подготви и да реагира навреме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг