“Lamborghini” има нов суперспортист од 830 коњски сили: Слушнете како звучи “сонатата на разјарениот бик”

Супермен

14/02/2020

17:02

1.751

Големина на фонт

а а а

Благодарение на моделот “Urus”, италијанскиот “Lamborghini” моментално е помеѓу водечките компании по продажба на теренски возила.

И покрај тоа, конструкторите на познатиот произведувач не заборавиле како се прават модели кои им ја донесоа светската слава во светот на автомобилизмот. 

“Разјарениот бик” се враќа во голем стил и нѝ пружа прилика да чуеме колку е гласен неговиот крик. Сè уште официјално неименуваниот проект бил осмислен минатиот октомври, кога “Lamborghini” во текот на финалната трка на светскиот шампионат во Херез, Шпанија, ги прикажа контурите од својот нов модел.

“Lamborghini 830-HP V12” спаѓа во категоријата на славни модели како што се “Ferrari FXX-K” и “McLaren Senna GTR”. За разлика од споменатите автомобили кои се во истовреме и патнички, новиот модел на “Lamborghini” нема да се најде во градското возење или на отворен пат.

Тука се повторува приказната поврзана за историјата на моделот “Sesto Elemento”. Од производствената лента излегоа само 20 возила и сите беа користени само за тркачки потреби. Додека “Sesto Elemento” поседува 5,2-литарски V10 мотор од “Gallardo”, сè уште мистериозниот модел ќе го придвижува 6,5-литарската V12 машина од “Aventador”, пишува “Carbuzz”.

##https://twitter.com/OurCarZone1/status/1189226154168856576?s=20##

Следело унапредување на перформансите на моторот кој сега развива 830 коњски сили, а на патеката звучи како неговите славни претходници. Предната рамка е изработена од карбон и алуминиум, а тука е сместен и самоблокирачкиот шестстепен менувач.

Аеродинамичната каросерија е дизајнирана во тркачки манир, заедно со спојлер и елементи за подобрување на аеродинамиката. “Lamborghini 830-HP V12” делумно ќе наликува на моделот “Aventador SC18 Alston” кој е уникат во светот на брзите автомобили.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk