“Напад“ кон Шумахер: Му се закануваат да му го одземат она нешто кое цел живот го создаваше

Точка

15/02/2020

15:30

4.071

Големина на фонт

а а а

Тимот на Мерцедес за кој возат актуелните шампиони Луис Хамилтон и Валтери Ботас, цели кон уште една титула во конкуренцијата на конструктори.

Ботас и Хамилтон преку приватно тестирање на стазата Силверстон го пробале новиот „Bolid W1“.

„Ова е моја осма година со екипата, а возбудувањето е исто секоја година. Екипата не може да биде повозбудена и помотивирана како сега. Тоа е најимпресивната работа. Би било лесно да се опуштиме, но сите се многу сконцентрирани, возудени и очајно желни за нови предизвици“ - рекол Хамилтон, а пренесуваат од Би-Би-Си.

На екипата дозволено ѝ било да помине 100 километри пред bolid да биде пренесен на подоцнежни тестирања во Шпанија кои треба да започнат на 19-ти февруари.


„Во овој период од годината не чувствувате притисок туку уживате во моментот. Сите напорно работеа за да го создадат овој bolid, а само ние двајца може да го возиме. Тоа е голема привилегија, да се биде во ваква позиција“ - навел шесткратниот светски првак.

Британецот, во сезоната која треба да започне на 15-ти март ќе се обиде да ја освои седмата титула со што ќе се изедначи со рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг