Седлоски повика 28 фудбалери за Лигата на нации, четворица се дебитанти

Дерби

16/09/2026

12:28

308

Големина на фонт

а а а

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за престојните четири натпревари од Лигата на нации.

Македонија ја очекуваат две соочувања со Швајцарија (дома и гости), но и средби со Шкотска (дома) и Словенија (гости), натпревари за кои селекторот повика 28 играчи.

Имаме некои повратници во националниот тим, но и четворица дебитанти и тоа Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум.

Мечевите ќе се играат во периодот од 26 септември до 6 октомври.