„Балерино и топ моделу мој, најубав цвету, око мое...“ - Марија Шерифовиќ ја преплавиле емоции

Точка

18/02/2020

19:03

5.099

Големина на фонт

а а а

Марија Шерифовиќ (35) моментално е на канадска и американска турнеја, а бидејќи веќе некое време е далеку од дома, ѝ недостасуваат нејзините пријатели и семејство, но и еден „посебен господин“.

Марија на својот Инстаграм профил објави фотографија од своето домашно милениче, а сите следачи ги воодушеви и ги насмеа со пораката и епитетите кои му ги упатила.

„Ми недостасуваш, сине мој најубав. Плазма моја, ход-догу мој, балерино и топ моделу. Најубав цвету. Око мое. Нозе мои грациозни. Те сакам. Носам многу гранули и брокули. Добро, и понекоја плескавица“, напишала Марија и додала емотикони кои симболизираат љубов.

Пејачката е поврзана со своето куче и често објавува негови фотографии на социјалните мрежи, а тоа има и свој Инстаграм профил - Huck the gladiator, кој има повеќе од 14.000 следачи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг