Ова е пораката која водителката ја напишала пред да ја најдат мртва

Точка

19/02/2020

14:45

5.191

Големина на фонт

а а а

Семејството на водителката Каролин Флек, која минатиот викенд беше пронајдена мртва, објавило порака на Инстаграм, која 40-годишната ја напишала неколку денови пред смртта, но никогаш не ја објавила.

Каролин пред неколку недели го нападнала своето момче Левис Буртон, а нејзините пријатели сведочеле дека се плашела од судењето.

Пораката била напишана на крајот на јануари, а во неа се истакнува дека „светот и иднината ѝ се одземани“ после апсењето.

Додала дека подолго време преживувала емоционален стрес и дека таа и нејзиното семејство повеќе не можат да издржат.

Како што открило нејзиното семејство, планирала тоа да го објави и пораката им ја покажала пред да стане јавна, а тие ја посоветувале сепак да не ја споделува со милиони луѓе.

View this post on Instagram

You can leave your hat on ... @mrlewisburton

A post shared by Caroline (@carolineflack) on

Додале дека сериозно го сфатила она што се случило ноќта кога имале конфликт со Буртон, но тврдела дека тоа било несреќа и дека не е насилничка.

Иако претходно ја советувале таа порака да не ја објавува на Инстаграм, сега сами одлучиле да ја споделат со медиумите.

Водителката на популарната емисија „Love Island“ е пронајдена мртва во саботата во својот дом на исток од Лондон. Еден ден претходно дознала дека нејзиниот случај сепак ќе заврши на суд.

Кери оваа порака ми ја испрати на крајот на јануари, но ѝ беше кажано да не ја објавува. Сакаше нејзиниот глас да се слушне. Толку лаги се кажани, но вака се чувствуваше, а јас и моето семејство сакаме да ги видите нејзините зборови. Кери беше опркужена со љубов и пријатели, но сето ова беше премногу за неа. Нејзината близначка Џоди беше покрај неа цел живот, но овој пат не можеше да ѝ помогне да ја поднесе болката поради неправдата“, порачала нејзината мајка Крис.

View this post on Instagram

Day 1 shoot ... hair and make up @gemflossi

A post shared by Caroline (@carolineflack) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг