Виландер повторно против Ѓоковиќ: „Надал оваа година ќе стане најдобар на сите времиња, но и на хартија“

Супермен

27/02/2020

19:28

3.839

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шведски тенисер, а денес коментатор Матс Виландер изјавил дека е воодушевен од пресвртот кој Новак го направил на Австралијан опен против Доминик Тим, но изјавил и дека можно е наскоро да стане најуспешниот тенисер во историјата и дека може да го престигне и Федерер кој има 20 Гренд слема титули.

Виландер сега малку го ублажува ставот во приказната во која е вклучен и Шпанецот Рафаел Надал кој има само еден трофеј помалку од Швајцарецот и два повеќе од Ѓоковиќ.

„Никогаш не можев да ги споредам Роџер и Рафа затоа што, како да ги споредите нив двајца? Тоа е невозможно. Федерер е постар шест години. Но, на хартија Надал оваа сезона ќе стане најдобар тенисер на сите времиња. Мислам дека ќе биде така“ - изјавил Виландер.

Виландер исто така истакнува дека Надал речиси со сигурност ќе освои барем уште еден Гренд слем оваа сезона.


„Мислам дека Рафа е многу паметен, тој е премногу добар играч и доколку тој мисли дека може да освои мислам дека тоа значи дека физички е доволно подготвен тоа да го направи. Значи, Рафа ќе освои некој Гренд слем оваа сезона, но дали ќе стане тенисер број еден тоа останува да го видиме“.

„Ова е втора сезона од Дејвис купот, а сега и АТП купот па мислам дека во еден момент во годината му треба пауза и тоа никогаш не е добро за рангирање. Но, дали тој игра за рангирање? Не почнува од тоа, но мислам дека игра за да освои Гренд слем и доколку сè прави како што треба оваа година сигурно дека ќе стане тенисер број еден“ - заклучил Виландер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk