[ФОТО] Лотар Матеус забележан на Октоберфест со 38 години помладата девојка: Тереза имала само четири години кога тој бил тренер на Партизан

Супермен

22/09/2026

16:51

376

Големина на фонт

а а а

Лотар Матеус е во врска со Тереза Сомер, германска манекенка која исто така студирала психологија.

Лотар Матеус е еден од најдобрите германски фудбалери, го освои Светското првенство со репрезентацијата, има Златна топка, а во март го прослави 65-от роденден. Токму затоа посебно внимание привлече тоа што на Октоберфест во Минхен пристигна во придружба на својата нова девојка Тереза Сомер. Зошто тоа се најде во центарот на вниманието на јавноста? Затоа што таа има само 27 години.

Значи, разликата во годините е дури 38 години. Звучи неверојатно, но е вистина. Да направиме паралела. Матеус во 2003 година замина од Партизан и ја презеде репрезентацијата на Унгарија. Тереза таа година го прославила својот четврти роденден.

Тие двајца првпат биле забележани заедно на скијање во Австрија, а тогаш ги снимиле и телевизиските камери. Лотар само накратко коментирал „дека дошле поради скијањето и дека останатото е приватна работа“.


Потоа повеќепати биле видени заедно, на различни фудбалски натпревари, особено во Минхен. А кога минатата година се појавиле заедно на доделувањето на Златната топка, било јасно дека се во врска.

Тереза се занимава со манекенство, а исто така студирала и психологија. Обожава скијање, а кога била мала тренирала и џудо. Завршила студии по економија и менаџмент во Велика Британија, а потоа студирала психологија.

Матеус се разведувал дури петпати

Лотар Матеус, покрај својата успешна фудбалска кариера, е познат и по тоа што се разведувал дури петпати. Со пет различни сопруги има четири деца. Единствено со Србинката Маријана Матеус и Украинката Кристина Лилијана Чудионова не станал татко.


Првиот брак му бил со Силвија Матеус (од 1981 до 1992 година) и од тој брак има ќерки Алиса и Вајола. Со Лолита Морено се венчал во 1994 година, а се развеле по пет години. Таа била швајцарска манекенка и телевизиска водителка, а од бракот со неа има син Лео.

Со Маријана Чолиќ се венчал во 2003 година, а се развеле во 2009 година. Се запознале токму кога тој бил тренер на Партизан. Разводот започнал во 2007 година и завршил дури во 2009 година. Во тој период ја запознал украинската манекенка Кристина Лилијана Чудинова и се венчале веднаш штом завршил разводот со Маријана. Тоа било во Лас Вегас во 2009 година, а се развеле две години подоцна. Последниот брак му бил со руската манекенка Анастасија Климко. Се венчале во 2014 година, се развеле во 2021 година и со неа има син.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk