"Го оживеале" легендарниот Jaguar E-Type - под хаубата "спакувале" 400 коњски сили

Точка

23/03/2020

14:12

1.168

Големина на фонт

а а а

Мала британска компанија за 330.00 фунти ги исполнува сништата на вљубениците во легендарниот Jaguar.

Компанијата Woodham Mortimer, која се занимава со реставрирање и подготовка на автомобили за тркачки патеки, направила WM Sport GT, заснован на иконскиот Jaguar E-Type Од 60-тите години од минатиот век. 

Оригиналниот модел е технолошки и механички унапреден во современите компоненти, како и во безбедносните системи, додека стилските интервенции од надвор и внатре се минимални, за да се сочува естетиката карактеристична за автомобилите од тој период.

Сепак, WM Sport GT од оригиналот се разликува по некои делови.

Имено, каросеријата е благо проширена, а хромираните браници се нешто поинакви отколку кај вистинскиот Jaguar E-Type.

Ентериерот е обложен со кожа и алкантара, додека седиштата и воланот се специјално изработени за овој автомобил.

Најголемата промена не е видлива со голо око, а се однесува на моторизацијата.

WM Sport GT наместо оригиналниот 6-цилинадарски добил нов 4,7-литарски агрегат наменет за тркачки возила кој произведува 400 коњски сили, а силата се пренесува на задните тркала со помошна 5-степенски мануелен менувач кој го развиле инженерите од компанијата Woodham Mortimer.

За безбедно сопирање се користат масивни вентилирачки дискови.

Доколку сакате да станете сопственици на еден ваков автомобил, тоа би ве чинело меѓу 330 и 350 илјади фунти, во зависност од дополнителните опции на располагање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг