Експерт предупредува – паровите во самоизолација не треба да имаат сексуални односи

Супермен

24/03/2020

13:06

3.730

Големина на фонт

а а а

Доколку една личност покажува било какви симптоми тогаш најмалку седум дена не треба да има сексуален однос...

Како што знаеме сите сме соочени со социјална оддалеченост и самоизолација, а можеби тоа е добра можност за да поминете квалитетно време со вашиот партнер.

Иако идејата за испробување на нови секс пози звучи примамливо, експертите напоменуваат дека паровите во самоизолација треба да избегнуваат сексуален однос за да го елиминираат секој ризик од заразата и ширењето на коронавирусот, пренесуваат од „The Sun“.

Професот Пол Хантер, советува дека паровите во самоизолација кои што не живеат заедно или пак кои што спаѓаат во категорија на подложни луѓе на инфекција, не би требало да имаат сексуален однос, а оние кои што живеат “боемски“ сексуален живот кој што вклучува повеќе сексуални партнери, треба да се откажат од сексуалниот однос и да останат дома.


Професор Хантер напоменува дека доколку една личност покажува било какви симптоми тогаш истата, најмалку една седмица не би требала да има сексуален однос.

Тој исто така додава дека паровите кои што живеат заедно не треба да имаат сексуални односи доколку еден од нив има послаб имунитет.

„Особено доколку вашиот партнер пати од одредена хронична здравствена состојба, или пак доколку вашата партнерка е бремена, тогаш немојте да имате сексуален однос“ – советува доктор Хантер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk