Актерот Идрис Елба, кој минатата недела откри дека е позитивен на коронавирусот, повторно ѝ се обрати на јавноста преку Инстаграм.
Тој во онлајн интервју за Опра Винфри рече дека моменталната пандемија на коронавирусот е одговор на планетата Земја на 'оштетувањата' кои ѝ ги направиле луѓето, пренесува „NME“.
Додаде дека јасно му е дека тоа е одговор на природата за лошиот третман за кој, според него, сите сме одговорни.
„Една од позитивните работи во целата оваа драма е тоа што сме приморани заедно да размислуваме како човечки род“, рече Елба и заклучи дека не би го изненадило ако овој вирус е направен во лабораторија за да нè успори и да нè натера поинаку да размислуваме за планетата и за самите себе.