Новата Мис Универзум во разурнат стан по земјотресот во Загреб: „Им помагам на пријателите“

Точка

24/03/2020

20:48

6.116

Големина на фонт

а а а

Новата хрватска Мис Универзум, Мирна Наиа Мариќ, понеделникот го поминала во разурнат стан на нејзини пријатели.

Мирна „се фатила“ за метлата и лопатата и собирала делови од ѕидот кој се распукал од земјотресот кој го погоди Загреб во недела во 6:24.

„Им помагам на пријателите после земјотресот“, напишала убавата Мирна.

Многу загрепчани во неделата претрпеле големи штети, а некои не можат да се вратат во своите домови. Градот Загреб после земјотресот прогласи елементарна непогода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг