Погледнете како би изгледала “Need For Speed” во реалниот живот

Супермен

30/03/2020

17:49

1.726

Големина на фонт

а а а

Минатата година имавме прилика да погледнеме две епизоди од интригантната серија, фокусирана на спортските автомобили од Јапонија, а сега нѝ пристигна и третиот дел во кој протагонистот одбира BMW M3 за возењето.

Тој се вози на улиците на Санкт Петербург во Русија и се среќава со двајца пријатели поради кратка трка. М3 застанува на линијата со Toyota Supra и Porsche Cayman, а главниот лик потоа лесно победува на кратка дистанца од 1,7 километри и продолжува да вози низ четвртиот по големина град во Европа, пишува порталот “AutoRepublika”. 


Во наредната мисија, возачот треба да ѝ побегне на полициската патрола, а кога тоа ќе му успее, следува нова трка. Овој пат тој оди на островот Крестовски каде се наоѓа екипа од перформантни ривали, вклучувајќи VW Golf GTI, Ford Mustang GT и Mitsubishi Lancer Evolution VIII. Секако, BMW M3 повторно докажува дека е најбрз и победува.

Исто како и во претходните видеа, брзината изгледа легална, но ефектите придонесуваат за типичниот “Need For Speed” амбиент. Креаторите велат дека “целиот материјал е снимен на затворени патишта, забрзан и монтиран”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk