5 места во вашиот автомобил на кои најдолго опстојува коронавирусот – потребна е задолжителна дезинфекција

Супермен

01/04/2020

11:25

3.640

Големина на фонт

а а а

Автомобилите, кои што во себе содржат многу метал, пластика и ткаенина се идеален начин за ширење на коронавирусот, бидејќи на тие површини вирусот најдолго се задржува.

Секој автомобил има пет места, односно површини кои што често се допираат со рацете. Тоа се: менувачот за брзини, воланот, екран (навигација), кваките на вратите и седиштата.

Шесто место кое што често го допирате со рацете во автомобилот е детското седиште, доколку го имате, а тоа често се внесува и изнесува од вашиот автомобил.

Сите овие шест точки на вашиот автомобил потребно е да ги дезинфицирате со хируршки алкохол, така што ќе ги избришете со крпа натопена со алкохол или пак испрскајте ги со алкохол, па потоа избришете ги.


Работници во некој сервис за автомобили откриле дека автомобилите прво ги дезнфицираат па потоа ги мијат, и тоа исклучително само однадвор.

Кога ќе го потрошат алкохолот, снаодливите работници во пералните користат раствор направен од вода и цеден лимон.

Луѓето кои што во овој период често ги возат своите автомобили, потребно е еднаш дневно истите да ги дезинфицираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk