„Тој е љубоморна проститутка, која е премногу стара за да заработува пари“ : Менаџерот на Хабиб ‘удри’ по Мекгрегор

Супермен

09/04/2020

13:26

2.060

Големина на фонт

а а а

Спортот запре низ целиот свет поради пандемијата коронавирус, не се одржуваат ниту борби во боречките спортови, но тоа не спречува да продолжи конфликтот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Менаџерот на Нурмагомедов, Али Абдалазиз многу осто го критикувал Ирецот кој не престанува да зборува...

„Сите тие луѓе, не се важни. Тоа што е важно се неговите тренери, неговите спаринг партнери, неговото семејство – УФЦ. Останатите ‘тролови’, тие не се важни“ – изјавил Абделазиз.

„Дури ни Тони не е важен, да бидам искрен. Тој не е шампион, тој за ништо не се прашува. Хабиб не се плаши од никој. Хабиб е подготвен да се бори против победникот“.

Абделазиз ги прокоментирал и провокациите на Конор Мекгрегор:

„Тоа е лудо, затоа што тој лик зборува да останеме дома, да не злегуваме надвор, тој донира, троши милиони долари. Но, сега знае дека сето тоа е лажно с*ање. Ова с*ање сега е вистинско затоа што ти сега им зборуваш на сите да останат дома, а Хабиб, на кој државата Русија му кажа дека не може да ја напушти земјата, за него зборуваш дека е кукавица“ - истакнал менаџерот.

„Тоа сепак не е важно. Тој е број еден, не е број два ниту број три. Редот оди вака – Хабиб, Џастин, Тони. А, тој... Моментално е број четири и за него моментално не зборуваме.“.

„Тој е многу љубоморна проститутка. Премногу е стара за да заработува пари. Како што кажа Хабиб, тој е проститутка. Знае дека неговото време помина. Луѓето сакаат да ги гледаат неговите ‘лудории’, но како борач, тој е готов. Тој не е ниту дел од топ 3. Зошто воопшто нешто да се зборува? Зошто не седнал во авион со Тони Фергусон? Затоа што сфати дека Тони го победи, го претепа. Сите тројца го претепаа. И Џастин и Тони и Хабиб“ – заклучил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk