Човековиот нос е прецизен инструмент

Точка

02/07/2020

17:00

2.397

Големина на фонт

а а а

Носот е дел од човековиот респираторен систем кој е задолжен за внесување на воздухот кој содржи кислород и за издишување јаглерод диоксид.

Носот е дел од човековиот респираторен систем кој е задолжен за внесување на воздухот кој содржи кислород и за издишување јаглерод диоксид. Човековиот нос се развил во толку сложен орган и е одговорен и за многу други функции. Навистина, човековиот нос е вреден инструмент, без разлика дали ја врши неговата главна улога или придонесува кон голем број други функции. Кои се тие?

Мирис 

Човековиот нос е прецизен инструмент за мирис. Може да разликува над 1 трилион мириси. Како и кај животните, мирисот ни помага да најдеме храна, да избегнеме опасност, па дури да најдеме и пријатели. Ако храната мириса добро, тоа претставува сигнал за нашето тело дека таа може да се јаде; од друга страна, пак, мирисот на гнило претставува предупредување да не се јаде таа храна. Слично со тоа, нашиот нос може да нè предупреди за протекување на опасен гас за да можеме навреме да се евакуираме. За разлика од животните, мирисот за човекот е важен и за пронаоѓање на партнер. Мирисот на нашето тело влијае врз сексуалната привлечност и може да се случи да го намирисаме совршениот партнер за нас, наместо да одлучуваме врз основа на визуелен изглед.

Вкус

Носот, исто така, придонесува кон начинот на кој ги искусуваме вкусовите. Вкусот е комбинација од неколку сетила, вкусот на храната на јазикот и аромата што ја мирисаме со нашиот нос. Обидете се да го затнете носот и пробајте различна храна. Дали нејзиниот вкус е ист како кога носот не ви е затнат?

Прочистување на воздухот и одбрамбена функција

Друга важна функција на човековиот нос е прочистување на воздухот од мали честички. Во ноздрите има многу мали влакна кои, всушност, дејствуваат како филтер. Тие ги задржуваат прашината и нечистотијата од воздухот пред тој да навлезе во белите дробови.

Исто така, носот е важен дел од нашиот имунолошки систем и првата линија на одбрана од микроби кои се пренесуваат преку воздухот. Малите влакна и слузта, која се создава во посебни клетки во синусите, ги собираат инфективните вируси и бактерии заедно со прашината. За време на инфекција, носот создава повеќе слуз за да ги собере остатоците од имунолошкиот одговор. Слузта станува погуста и ја менува бојата во жолта или зелена и вие треба да го исекнете носот за да ја исфрлите. Заедно со кивањето, тоа помага во отстранување на несаканите честички од телото.

Загревање и навлажнување на воздухот

Атмосферскиот воздух може да ги оштети нежните клетки на белите дробови. Меѓутоа, движејќи се низ ноздрите, воздухот се навлажнува и загрева до соодветната температура. При излегување, носот, исто така, може да собере влага од воздух што се издишува доколку има потреба од хидратација.


Зборување и слушање

Протокот на воздухот низ носот влијае врз звукот на вашиот глас. Затоа, кога ќе настинете, вашиот глас звучи поразлично. Тој, исто така, има улога во слухот, бидејќи е поврзан со средното уво преку Евстахиевата туба. Можеби сте го искусиле тоа за време на сериозна настинка.

Без сомнеж, вашиот нос е вреден инструмент и кога ќе се инфицира, тоа може да влијае врз сите негови функции. Назалните спрејови, како што е Септаназал помага во одзатнување на вашиот нос и негово лекување за побрзо целосно враќање на неговата функција.

Септаназал® го има она што им недостасува на другите производи

Кога имате затнат или растечен нос или кога вашиот нос заздравува од терапија, ви треба нешто што делува брзо, но не ја оштетува носната слузница. Септаназал® е спреј за нос со декспантенол кој има двоен ефект.

Спрејот Септаназал содржи:

1. ксилометазолин - ефикасно го олеснува чувството на затнат нос и го намалува отокот на носната слузница и секретот од носот

2. декспантенол - има заштитно дејство и нежно ја лекува носната слузница

Добро грижете се за вашиот нос и одржувајте го здрав за целосно да уживате во животот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг