[ФОТО] Лорен Санчез на удар на критики поради фустанот: „Имај малку достоинство“

Точка

28/09/2026

20:00

594

Големина на фонт

а а а

Изборот на фустан на Лорен Санчез за свечената вечера кај Доналд Трамп предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Санчез, сопругата на Џеф Безос, присуствувала на настанот во Белата куќа организиран во чест на кинескиот претседател Шји Џинпинг, на кој присуствувале и истакнати американски бизнис-лидери.

За таа пригода, 56-годишната Санчез носела црн фустан со откриени раменици и длабоко деколте од модната куќа „Александар Меквин“. Комбинацијата ја надополнила со впечатлив дијамантски ѓердан и висечки дијамантски обетки.

Коментари за „несоодветниот“ изглед

Многу корисници на платформата Икс оценија дека нејзиниот моден избор бил несоодветен за државничка вечера. „Парите не можат да купат вкус. Се облекува ужасно. Толку несоодветно“, гласи еден од коментарите.


Друг корисник порача: „Имај малку достоинство. Ова е државничка вечера, а ти имаш 56 години“.

Некои го коментираа и нејзиното длабоко деколте. „Обожава да го истакнува деколтето!“, напиша една корисничка.


Друг корисник, пак, смета дека овој фустан всушност е поумерен во споредба со некои од нејзините претходни модни изданија.

„Овој фустан всушност е прилично конзервативен во споредба со нејзините претходни катастрофални модни избори“, се наведува во коментарот.

Одредени коментари беа насочени кон вредноста на накитот. „Нејзиниот дијамант би можел да нахрани многу гладни деца“, истакна еден корисник.

Друг додаде: „Таа е убава жена, фустанот е убав, но постои нешто што се нарекува соодветност и бонтон во зависност од пригодата… нејзиниот сопруг требало да ѝ каже малку да ’намали со впечатокот‘“.


Изборот на Меланија Трамп исто така предизвика дебата

Модниот избор на Меланија Трамп исто така предизвика реакции. Наместо вообичаениот вечерен фустан или здолниште за вакви настани, 56-годишната Меланија се одлучила за панталони.


Таа носела црни панталони со висок струк од брендот „Долче и Габана“ чија цена наводно изнесува 1.945 долари (околу 1.706 евра), и бела кошула од „Сен Лоран“ со висока јака и голема панделка, која чини околу 2.300 долари (околу 2.017 евра). Вкупната вредност на комбинацијата, без чевлите и модните додатоци, е проценета на околу 4.245 долари (околу 3.723 евра). Изгледот го надополнила со црни салонки со шпицест врв и дијамантски обетки.

Нејзиниот стил поттикна дебата за тоа дали панталоните се соодветни за настан со „black tie“ кодекс на облекување. „На Меланија ѝ треба нов моден стилист. На една снимка изгледаше како да оди на погреб, а на друга таа голема панделка едноставно изгледаше смешно. А панталоните? Ве молам, имате должност да изгледате пристојно и модерно, а не како лик од бајка“, гласи еден од коментарите.


Слично реагирала и друга корисничка: „Меланија требаше да носи здолниште или фустан. Оваа комбинација е премногу лежерна. Секогаш изгледа беспрекорно, но ова е промашување“.