Неочекуван повик: Бред Пит ги изненадил студентите, сите занемеле

Супермен

21/05/2020

18:52

2.079

Големина на фонт

а а а

Бред Пит ги изненадил студентите на Државниот универзитет во Мисури. Тој се вклучил преку видео-линк од својот дом, каде и понатаму е во карантин поради коронавирусот.

Славниот актер ја прифатил идејата на деканот да ги израдува студентите и да им честита на истрајноста и успехот кој го постигнуваат и за време на пандемијата.

„Поздрав до сите, овде Бред. Ви се јавувам од карантин. Мора да било многу чудно да работите во вакви услови, но знајте дека сум горд на вас. Значи, успеавте. Уживајте! Ви честитам. Ширете ги вашите видици и размислувајте, вие сте нашата иднина. Ви посакуваме сè најдобро во вашите идни планови“, дипломатски им се обратил Пит и ги воодушевил.


Среќни и задоволни биле и сите вработени.

„Се обидовме некако да ги расположиме студентите, бидејќи во ова неизвесно време поради пандемија на коронавирусот, нема да имаат традиционална прошетка низ градот. Бред се согласи да ги направи горди“, рекла доцентката Елизабет Кинг покрај објавата со видеото од Бред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk