Како што знаеме, сите ја обвинуваа Меган Маркл за напуштањето на парот на кралското семејство, меѓутоа, како што пренесуваат странските медиуми ситуацијата е целосно спротивна.
Како што пренесуваат од „Daily Mail“, одлуката за напуштањето на кралската должност ја донел принцот Хари, а не Меган која токму поради таа информација се најде на мета на осуди од јавноста, а сето тоа очигледно дека ќе биде откриено во нејзината биографија „Findinf Freedom“, која што наскоро треба да излезе од печат.
Биографијата за парот треба официјално да биде објавена на 11-ти август, а како што истакнува изворот за горенаведениот портал, тие двајца веќе објасниле зошто ја донеле одлуката да го напуштат кралското семејство – веста од која што поголемиот дел од јавноста беше изненаден.
„Книгата ќе објасни зошто принцот сакал да се одвои од своето семејство, но и дека за таа одлука размислувал повеќе од една година, пред официјално да ја донесе“ – изјавил изворот и додал дека Меган повеќепати го прашувала Хари дали е сигурен за донесената одлука.