Илон Маск ''војува'' против најбогатиот човек на светот – повика на разбивање на неговата компанија: „Време е...“

Точка

05/06/2020

18:07

12.948

Големина на фонт

а а а

Маск и „Tesla“ платиле засебни парични казни во износ од 20 милиони долари. Основачот на „Tesla“, Илон Маск, оценил дека компанијата „Амазон“ треба да се ''разбие'', откако писателот Алекс Беренсон објавил дека не му било овозможено на таа најголема светска платформа за малопродажба да ја објави својата нова книга за коронавирусот.

„Ова е лудост“ – напишал Маск на Твитер, тагнувајќи го сопственикот на „Амазон“ – Џеф Безос.

„Време е „Амазон“ да се разбие. Монополите се погрешни“ – порачал Маск.

„Амазон“ ја искоментирале објавата на Маск, но соопштиле дека книгата на Беренсон била блокирана по грешка и дека сега е достапна за продажба.

„Одлуката за тоа дали треба да ја ставиме книгата на продажба не е на Маск“ – изјавиле од компанијата.


Судејќи според пораката која што „Амазон“ ја испратиле до писателот на книгата, компанијата го известила него дека книгата не е во состав на стандардите за продажба. Ова не е првпат Маск да изнесува спектакуларни изјави на социјалната мрежа Твитер.

Последниот пример за такво нешто се случил на 1-ви мај, кога напишал дека акциите на „Tesla“ се прескапи.

Во текот на 2018-та година, американската Комисија за безбедност и размена го тужела кога на социјалната мрежа Твитер порачал дека „Tesla“ ќе се претвори во приватна компанија кога цената на акциите ќе биде 420 долари и дека веќе обезбедиле средства.

Маск и „Tesla“ платиле посебни парични казни во износ од 20 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг