Автомобилскиот гигант пред крах – една четвртина од работната сила одјавена, луѓето остануваат без работа

Точка

06/06/2020

14:16

6.282

Големина на фонт

а а а

Британскиот произведувач на луксузните автомобили „Bentley“, кој што е во сопственост на германскиот „Volkswagen“, денес соопштил дека планира да отпушти до 1.000 работници, односно една четвртина од својата работна сила.

Како што пренесуваат од „Ројтерс“, ова не е единствениот таков случај во автомобилската индустрија, која што исто така е погодена од пандемијата коронавирус, а масовни отпуштања најавиле и други автомобилски компании.

„Bentley“ е компанија стара еден век, а сега соопштила дека на заинтересираните работници им нуди програма за доброволно заминување, а дека принудните отпуштања во иднина не се исклучени.


„Ова е неопходен потег кој што мора да го направиме за да ги сочуваме работните места на поголемиот дел од луѓето кои што ќе останат и да пружиме одржлив работен модел на компанијата за во иднина“ – изјавил генералниот директор Адријан Холмарк, додавајќи дека пандемијата коронавирус не ги предизвикала наведените отпуштања на работниците туку само ги забрзала.


Производниот погон на „Bentley“ кој што се наоѓа во градот Кру на северозападот од Англија, повторно почнал со работа на 11-ти мај, по седумнеделно запирање на производството поради пандемијата коронавирус, со што овој произведувач стана една од првите автомобилски компании кои што го продолжија производството на тлото на Велика Британија, потсетуваат од „Ројтерс“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг