Јунакот од акционите филмови и на 60 годишна возраст покажал дека е во топ форма – внимание привлекол еден детаљ...

Точка

06/06/2020

15:25

10.946

Големина на фонт

а а а

Јунакот од акционите филмови Жан-Клод Ван Дам, ја соблекол маицата и со тоа покажал дека и понатаму е во топ форма, но на неговите фанови вниманието му го привлекла неговата фризура.

Актерот Жан-Клод Ван Дам е икона на филмовите од 90-те години и мајстор на боречките вештини, а дека и понатаму внимава на својата форма и дека посетува теретана докажуваат најновите фотографии.

Папараците успеале да го ‘уловат’ без маица во Малибу, но на неговите фанови нешто друго им го одвлекло вниманието.


59-годишниот Ван Дам ја покажал и својата нова фризура, а воочливо е дека истата ја скратил и офарбал.

Додека разговарал со своите пријатели, актерот запалил и цигара, а на себе имал облечено тренирки.

Иконата на акционите филмови и понатаму снима, а обожавателите ги изненадил кога изјавил дека сака да направи уште еден голем акционен филм.


„Сакам да снимам во Австралија. Тоа ќе биде одличен филм“ – неодамна изјавил кратко актерот.

Тој својата кариера ја започнал уште во 70-те години, а во центар на внимание бил кон крајот на 80-те години кога стигнал во Холивуд.


Во текот на карантинските денови Ван Дам објавил и серија видеа на кои што се гледа како вежба, а многубројни обожаватели го пофалиле актерот поради неговата иницијатива.




Спонзорирани линкови

Маркетинг