Американската реалити ѕвезда, водителка и старлета Кортни Стоден објавила провокативна фотографија на својот профил на Инстаграм, со која ја разгорела фантазијата на мажите ширум светот.
Имено, 25-годишната Кортни позирала во секси долна облека со леопардски дезен, а на фотографијата во прв план се нејзините бујни гради и затегнатиот стомак.
Таа неодамна поттикна трачеви дека е во романса со Брајан Остин Грин, поранешниот сопруг на Меган Фокс, откако биле фотографирани заедно на ручек. Извори блиски до русокосата старлета тврдат дека таа и ѕвездата на серијата “Beverly Hills 90210” се само пријатели, а неодамна се сретнале бидејќи сакаат заедно да прават нова музика.
“Кортни е фокусирана на објава на мемоари. Тие двајца се само пријатели, таа го поддржува Брајан и неговиот бизнис и не е моментално во романтична врска со никој”, изјавил изворот.
За потсетување, Стоден во март оваа година се разведе од својот сопруг Даг со кој беше 9 години во брак, иако за време на венчавката таа била малолетна. Кортни тогаш имала 16 години, а Даг 51 година.