Еротската драма од 2015-та година стана хит на „Netflix“ поради експлицитната воведна сцена (18+)

Точка

27/06/2020

16:07

12.320

Големина на фонт

а а а

Еротската љубовна драма на контроверзниот режисер Гаспард Ное се појавила во САД и се нашла на листата на топ 10 најгледани филмови, иако филмот беше промовиран во 2015-та година.

Во последниве неколку денови, на социјалната мрежа Тик-ток се појави нов тренд, па корисниците на таа социјална мрежа ги снимаат своите реакции на воведната сцена од филмот „Love“ која што изобилува со еротика.

Околу сто корисници на социјалната мрежа Тик-ток се приклучиле на новиот тренд, а резултатите не се разочарувачки.

„Марфи е Американец кој што живее во Париз и влегува во експлицитно сексуален и емоционален однос со нестабилната Електра“ – пишува во синопсисот на филмот.

Благодарение на трендот на Тик-ток, филмот се искачил на седмото место на листата на „Нетфликс“ за најгледани филмови во САД.




Спонзорирани линкови

Маркетинг