Едно од најголемите имиња во светот на филмот, синоним за Холивуд и машка убавина - Марлон Брандо.
Славниот актер имал богат, возбудлив и неверојатен живот, може да се каже дури и филмски.
Соработувал со најголемите имиња во Холивуд, патувал, бакнувал најпопуларни убавици...
Брандо бил исфрлен од своето средно училиште поради тоа што возел мотор во ходникот, а поради тоа неговиот татко бил приморан да го запише во Воена академија во Минесота.
Додека бил таму, тој некоја вечер се искачил на ѕвоното и извадил еден дел од него па го закопал. Потоа самиот организирал комитет кој што ќе го пронајде виновникот, а додека одел во училиште никој не помислувал дека за сè е виновен токму тој.
Со години жените ширум светот фантазирале со него да се заглават во лифт, а некогаш одамна тоа не било возможно.
Имено, тој во еден дел од периодот од животот во еден од њујоршките трговски центри работел како ''лифт-бој'', а покрај тоа бил и ноќен чувар, келнер, готвач и изработувал сувенири.
Иако важел за заводник, кога сретнал една од холивудските убавици, Брандо не можел да изусти ниту еден збор. Имено, на еден свечен ручек во 1955-та година, тој седел покрај славната Одри Хепберн која што љубезно му се претставила, а Брандо не проговорел ниту еден збор.
Додека го снимал „Побуна на бродот Баунти“, актерот се заљубил во Атол во близина на главниот остров Тахити и шест дена подоцна го купил. Денес овој остров е познато одморалиште кое што го носи името Брандо.