“Блудниот син” на Холивуд искрен: “Да можам да го вратам времето, никогаш не би ни почнал”

Точка

06/07/2020

15:44

3.817

Големина на фонт

а а а

Популарниот актер Чарли Шин имал причина за прослава на Денот на независноста, но таа причина нема никаква врска со Америка.

Актерот на Твитер објавил дека прославил една година откако престанал да пуши. Објавата им ја посветил на своите бели дробови, но изразил и жалење што воопшто започнал со ваквата лоша навика. 

“Кога би можел да го вратам времето, не би ни почнал да пушам цигари”, напишал Шин.

На фановите им порачал да престанат да пушат доколку се блиску до таа одлука.

Речиси ниту еден холивудски актер на денешницата не е толку познат по својот хедонизам како Чарли Шин. Алкохолот, дрогата и промискуитетноста се голем дел од неговиот живот, а е еден од малкуте познати личности кои признале дека боледуваат од ХИВ.

Тој признал дека во последните неколку години се “смирил” и започнал да води грижа за здравјето. Сепак, не било отсекогаш така – до неодамна беше невозможно да го замислиме Чарли без чаша алкохолен пијалак во едната и цигара во другата рака.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk