Србин по три месеци живот во Виетнам ги откри дневните трошоци: „За тие пари си апсолутен крал“

Супермен

16/11/2026

13:35

768

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи веќе извесно време се зборува за тоа колку е поволен животот во Виетнам за странците и дека оваа земја е добар избор за дигиталните номади. Своето искуство неодамна го сподели и младо момче од Србија, а неговото видео брзо се прошири на социјалните мрежи.

Алекса Петровиќ живее во Виетнам веќе три месеци, а неодамна почнал да објавува снимки од своето секојдневие на Инстаграм. Една од снимките привлече особено внимание бидејќи во неа детално прикажал колку пари му се потребни за еден обичен ден.

Дневни трошоци – од сместување до забава

Денот го започнал со прикажување на станот што се наоѓа веднаш покрај плажа. Тој открил дека киријата го чини само 13,5 евра дневно, а станува збор за модерен и убаво уреден простор, што особено ги воодушеви неговите следбеници.


За изнајмување скутер и гориво дневно издвојува околу 1,9 евра. Појадокот и кафето го чинеле 2,2 евра, додека за свежо смути од манго платил едно евро.

Потоа заминал на плажа, каде што влезот е бесплатен. Таму испил пиво, чија цена, во зависност од изборот, се движи од едно до три евра, а покрај пијалакот купил и грицки за едно евро. Вечерата и пијалакот го чинеле три евра.

За вечерната забава, исто така, потрошил релативно малку – за еден час играње билијард и еден час стрелање со лак платил по 3,5 евра.

„Во Виетнам си апсолутен крал“

Кога ќе се соберат сите трошоци, еден ден во Виетнам го чинел околу 30 евра.

Покрај снимката, тој истакнал: „За тие пари во Виетнам си апсолутен крал“.

Неговата пресметка предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, пред сè затоа што дневните трошоци вклучуваат сместување, превоз, храна, пијалаци и неколку активности. Цените, секако, може да варираат во зависност од градот, видот на сместувањето и животните навики, но неговиот пример покажува како може да изгледа еден ден доколку се изберат поповолни опции.


Потсетуваме, Виетнам беше прогласен за најевтина земја за живот на иселениците во 2025 година. Во истражувањето биле споредени трошоците за здравствена заштита, превоз, кирија, храна и комунални услуги во различни земји, а Виетнам се издвоил како земја што нуди најмногу за најмалку пари.

Еднособен стан во Виетнам може да се изнајми за само 361 долар (околу 310 евра) месечно, додека месечната кирија за трисобен стан во просек изнесува 801 долар (690 евра).

Вкупните трошоци за живот се дури 59 отсто пониски отколку, на пример, во Обединетото Кралство, а најевтин град за живеење е Да Нанг (Đà Nẵng), крајбрежна метропола позната по своите плажи и ноќниот живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk