Била снимена како вози над 700 км/ч., добила максимална казна

Супермен

10/07/2020

14:14

3.302

Големина на фонт

а а а

Замислете како би се чувствувале ако на домашна адреса ви пристигне казна на која пишува дека сте возеле 703 км/ч.?

Поеднични автомобили на “Ford” можат да бидат многу брзи, но никој не би очекувал дека еден “Focus” може да разие брзина како ракета. 

Никому не му е пријатно кога ќе го сними камера за надминување на брзината, па ќе му пристигне казна на домашна адреса. Секако не е пријатно, но замислете како би се чувствувале доколку добиете казна на која пишува дека сте возеле 703 км/ч.!


Токму таква казна ѝ пристигнала на една сопственичка на “Ford Focus” од Италија, пренесува “Autoappassionati”.

Имено, жената била снимена во Анкона, на место каде било дозволено да се вози максимум 70 км/ч. Поради надминување на брзина од 630+ км/ч., таа мора да плати 850 евра казна и 10 казнени бодови.

За потсетување, најбрзиот продукциски “Focus” може да развие брзина од 250 км/ч., што е доволна причина за поднесување жалба – ако веќе нема здрав разум кај оние кои пишуваат и проверуваат казни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk