Клима уредот на “Bugatti Chiron” може да разлади стан од 80 квадратни метри

Супермен

16/07/2020

18:19

1.391

Големина на фонт

а а а

“Autoblog” објави интересен податок за квалитетот на климата која се вградува во престижниот автомобил.

Имено, компресорите на климата во “Bugatti Chiron” поседуваат капацитет од 10 kW, а таа сила е доволна за ладење на стан од 80 квадратни метри. Можете и сами да претпоставите дека поставувањето на клима уредите во автомобилите како “Chiron” не е воопшто едноставно, а станува збор за сегмент на кој купувачите и тоа како обрнуваат внимание. 

Перформансите на моторот, менувачот, суспензијата – сето тоа е многу важно при купувањето на автомобил, но секој во 21 век обрнува внимание и на клима уредот, а високите перформанси на таквите автомобили вршат големо оптоварување на истиот.


Тука се и конструкциските проблеми бидејќи предното стакло на “Bugatti Chiron” е поставено под агол од 21,5 степени, додека кај повеќето, на пример компактни автомобили, е поставено под агол од 30 степени.

Поради тоа, внатрешноста на автомобилот е повеќе изложена на сонце и кабината се грее. Ако на тоа го додадете и панорамскиот кров, излегува како да седите во конзерва (но, многу скапоцена конзерва), па поради тоа луѓето од “Bugatti” направиле толку моќен клима уред.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk