„Секоја вечер ми лелекаше во скут“: Откриени потресни детали од животот на легендарниот Робин Вилијамс

Супермен

23/07/2020

15:28

3.714

Големина на фонт

а а а

Во текот на снимањето на филмот „Ноќ во музејот: Тајната гробница“ во текот на 2014-та година, само неколку месеци пред да се одлучи на морничавиот потег, Робин бил несреќен.

Во биографијата на авторот Дејв Изткоф, откриени се досега непознати детали од животот на популарниот актер Робин Вилијамс кој што себеси си го одзеде животот во 2014-та година.

Откриено било дека има Паркинсонова болест поради што не можел да го запамети текстот, а пател и од несоница.

Неговата шминкерка Чери Минс открила дека тие месеци со Робин тешко било да се соработува.


„Му предложив да се врати на стенд-ап комедијата за себеси да си ја врати самодовербата, но тој одби. Секоја вечер лелекаше и зборуваше дека повеќе не е забавен“ - изјавила таа.

Неговата сопруга Сузан, во 2016-та година напишала книга со име „Терористот во мозокот на мојот сопруг“, во која што ја објаснила состојбата во која што Робин се наоѓал.

„Робин сè повеќе се изморуваше. Маската со болен човек отсекогаш беше присутна, а гласот му беше ослабнат. Треорот на левата рака беше непрекинат и имаше лесно треперење. Мразеше кога во разговорите не можеше да ги најде зборовите кои што сакаше да ги каже. Имаше грозна несоница“ - напишала таа тогаш.

Таа исто така раскажала дека во последните месеци актерот знаел да ''остане замрзнат'' во лежечка позиција, неспособен да се движи или пак да ги завршува нормалните животни функции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk