Овој згоден сурфер е вереник на една од најсексапилните жени на светот, а сите велат дека таа е вистинска среќничка што го ''уловила''

Супермен

07/08/2020

12:15

3.612

Големина на фонт

а а а

Колин Џост минатата година ја запроси Скарлет Јохансон, по две години врска, а парот поради пандемијата коронавирус мора да причека за влегувањето во брачните води.

Американскиот комичар и актер Колин и една од најсексапилните жени на светот - Скарлет, минатата година се верија, но очигледно дека ќе мора да причекаат за застанувањето пред олтар.

Тие времето во карантин го минуваа заедно, а изминативе денови сè повеќе уживаат на море.


Фотографите го уловиле Колин како сурфа, а 38-годишниот комичар го покажал извајаното тело кое што привлекло многу погледи.

Многубројни негови обожаватели го следат секој негов чекор, а често коментираат дека Скарлет е вистинска среќничка затоа што го ''уловила'' славниот шармер.


Скарлет и Колин се верија во 2019-та година, по две години врска, и додека тоа неа ќе ѝ биде трет брак, него прв.

Актерката беше венчана со францускиот новинар Ромаисо со кој што има двегодишна ќерка, а потоа и за актерот Рајан Рејнолдс.


За врската на 33-годишната Скарлет и две години постариот комичар почна да се шпекулира во 2018-та година кога двајцата биле забележани како се прегрнуваат на некој јавен настан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk