Закерберг им се придружи на Безос и Гејтс: Неговото богатство надмина 100 милијарди долари

Точка

07/08/2020

12:25

1.509

Големина на фонт

а а а

Богатството на основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг порасна на 100 милијарди долари откако социјалната мрежа стартуваше нова услуга за кратки видеа, пренесува британски „БиБиСи“.

Компанијата во средата во САД го стартуваше "Instagram Reels" како конкуренција на кинеската апликација "TikTok".

Поради тоа, акциите на најголемат асоцијална мрежа на светот во текот на вчерашниот ден скокнаа за 6%, а уделот на Закерберг изнесува 13%.


Тоа значи дека Закерберг во клубот на супербогаташите со богатство поголемо од 100 милијарди долари им се приклучи на основачите на „Амазон“ - Џеф Безос и Бил Гејтс на „Мајкрософт“.

Шефовите на американските технолошки гиганти во последно време се „под лупа“ на американските власти поради константниот раст на моќта на нивните компании и нивното лично богатство.


„Фејсбук“, „Амазон“, „Епл“ и „Гугл“ се меѓу најголемите „добитници“ од карантинот поради коронавирусот, затоа што се поголем број на луѓе купуваат, се забавуваат и се дружат преку интернет.

Богатството на Закерберг оваа година порасна за вртоглави 22 милијарди долари, а богатството на Безос за дури 75 милијарди долари, покажуваат податоците кои ги објави „Блумберг“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk