Во Германија, производството на безалкохолно пиво е речиси удвоено во последните 10 години.
Произведувачите минатата година произвеле 4,2 милиони хектолитри пиво, што е 97 отсто повеќе во однос на 2009 година.
Германските трговски ланци, обичното пиво (алкохолно и безалкохолно) го нудат по пониски цени и со неговата продажба не остваруваат профит бидејќи сакаат да ги привлечат потрошувачите во продавниците со поевтиното пиво.
Продажбата на безалкохолно пиво пораснала на 361 милион евра и укажува на промена на навиките, јавува германската новинска агенција “DPA”.
Љубителите на пиво се исто така свесни за важноста на здравиот начин на живот и сè почесто посегнуваат по безалкохолно пиво. Трендот продолжил и оваа година, а производството на безалкохолно пиво во првиот квартал од оваа година се зголемило за 8 отсто во однос на истиот период минатата година.
Со растечкото производство на безалкохолно пиво, производството на пиво со повеќе од 0,5 отсто алкохол опаднало во последната деценија. Според германскиот статистички завод “Destatis”, тоа опаднало за 7,8 отсто помеѓу 2009 и 2019 година.