Новак бил фотографиран додека тренира на плажа и медитира во морето, а потоа се свртел и покажал колку е затегнат

Супермен

12/08/2020

16:55

1.684

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ напорно работи на својата физичка подготвеност пред продолжување на сезоната, што може да се воочи од фотографиите кои што ги направиле папарацо фотографите.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓокоивиќ наголемо се подготвува за продолжување на сезоната, каде што главниот настан се очекува да биде на УС Опен во Њујорк кој што е закажан за 31-ви август.

Папарацо фотографите кои што често го следат, забележуваат интересни фотографии од кондиционите тренинзи на Новак на плажа, каде што работи напорно.

Ноле трчал на плажа, со што работел на своето движење и ''растегливост'' по што е карактеристичен во неговите настапи.


Исто така тој бил фотографиран како медитира и го опушта своето тело, уживајќи во морето и брановите, а потоа и како излегува од водата каде што повторно се гледал и неговиот крст кој што го носи на градите како амајлија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk