Додека германската репрезентација полека се подготвува за следниот натпревар на Светското првенство, избраничката на Јулијан Нагелсман предизвикуваат проблеми меѓу играчите.
На 25 јуни се очекува германската репрезентација да игра против Еквадор во третото коло од Групата Е, но тие се без репрезентативецот Нико Шлотербек, кој нема да игра до крајот на Светското првенство поради повреда. И додека Германија полека се подготвува за следниот натпревар, избраничката на Јулијан Нагелсман создаваат проблеми таму каде што ги нема.

Станува збор за Лена Вурценбергер која не го пушта од очи својот сакан, селекторот на репрезентацијата, а тоа воопшто не им се допаѓа на играчите. Според пишувањата на „Билд“, таа добила привилегиран статус, а по сила на околности се третира како незаменлив член на фудбалската репрезентација. Најавено е дека таа во иднина ќе седи веднаш зад клупата за резервни играчи, а таа привилегија досега ја немал ниту еден.
„Во тимот владее сериозна нервоза и играчите воопшто не се чувствуваат удобно, се чувствуваат ограничено. Сосема е природно фудбалерите да не можат да се опуштат и искрено да зборуваат за тактики или за самиот тренер додека седат на клупата, ако неговиот партнер е постојано во истата околина и го слуша секој збор“, велат извори блиски до репрезентацијата.

Лена е новинарка која работела за германскиот „Билд“ и беше задолжена за следење на натпреварите на Баерн. Во тој период, во 2022 година, тренерот Јулијан Нагелсман се разведе од сопругата Верена по 15 години брак, и тогаш започнаа шпекулациите за потенцијална врска со убава новинарка.
И целата ситуација не би имала такво значење ако строго доверливите информации и тимските планови не протекуваа полека во јавноста. Не е докажано дека Лена пренесувала информации, но се знае дека после тоа морала да ја напушти кариерата како новинарка и да се префрли во одделот за комуникации во компанијата „БМВ“.

Овој скандал се чини дека само ја зајакнал нивната врска. Нагелсман стана препознатлив по тоа што по победите се качува на трибините за да ја бакне Лена, која го следи секој натпревар облечена во германски дрес.