Двејн Џонсон втора година по ред е најплатен актер на светот – за 12 месеци заработил 87,5 милиони долари

Точка

12/08/2020

18:19

1.020

Големина на фонт

а а а

48-годишниот американски актер и поранешен борач Двејн Џонсон, попознат како “Карпата”, втора година по ред е прогласен за најплатен актер на светот, пишува магазинот “Forbes”.

Поранешниот борач заработил 87,5 милиони долари во периодот помеѓу 1 јуни 2019 и 1 јуни 2020 година, вклучувајќи и 23,5 милиони долари од трилерот на Нетфликс – “Red Notice”. Голема заработка остварил и од својата фитнес линија “Project Rock”. 


Кога ќе се собере заработката на топ 10-те најплатени актери во изминатата година, тие заедно заработиле 545,5 милиони долари, а четвртина од сумата доаѓа од компанијата Нетфликс.

Колегата на Џонсон од филмот “Red Notice”, 43-годишниот Рајан Рејнолдс е вториот најплатен актер на светот со заработка од 71,5 милиони долари. Од тој филм заработил 20 милиони долари и дополнителни 20 милиони долари од уште еден филм на Нетфликс – “Six Underground”.


Трет на листата е актерот и продуцент Марк Волберг, кој заработил 58 милиони долари, додека Бен Афлек е на четвртото, а Вин Дизел на петтото место на најплатени во светот на актерството.

На врвот на листата на “Forbes” се наоѓаат и актерите Вил Смит, Адам Сендлер и Џеки Чен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг