Мрачната тајна на најплатениот холивудски актер: Го сметаат за божество, мислат дека може да го спаси светот...

Супермен

14/08/2020

13:42

3.266

Големина на фонт

а а а

Реткост е за еден холивудски актер од филмови кои по правило се блокбастери и кои публиката поради талентот ги обожува, до таа мера да биде затворен за јавноста како Том Круз.

Филмската ѕвезда веќе со години не дава изјави за медиумите, а неговиот живот е целосна мистерија. Јавноста најмногу ја интригира фактот дека е член на Саентолошка црква, поради што, како што се наведува, 14-годишната ќерка Сури не ја видел со години.


Откако се развел од актерката Кејти Холмс во 2012-та година, ниедна емотивна партнерка не ја претставил пред јавноста, а сите информации во врска со него се на ниво на нагаѓања. За разводот никогаш не зборувале во јавноста, но изгледа дека тоа наскоро би можело да се промени.

Имено, актерката добила понуда да гостува во емисијата „Scientology: Fair Game“, кај актерката и водителка Леа Ремини, која и сама била членка на Саентолошката црква, сè до 2013-та година кога ја напуштила.

„Повеќето саентолози се жртви, тоа го знам бидејќи бев дел од тоа верување. Но, каде е Том, тоа е некоја сосема поинаква приказна. Тој е многу свесен за сите злоупотреби кои се случуваат во Саентологијата. Тој е дел од тоа. На саентолозите им е кажано дека Круз самостојно го спасува светот, па во црквата го сметаат за божество. Круз не е во истата категорија како останатите членови на црквата, па дури го нарекуваат и 'господин Круз'“, објаснила Ремини во една прилика.

Кејти и Том биле во брак цели шест години, па таа го познава најдобро од сите. Актерката никогаш не се отворила и не зборувала за искуството кое го доживеала со Том, а дали сега ќе се согласи да зборува за мрачните детали од нивниот брачен живот - останува да видиме. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk