СДСМ ја демантира неточната вест дека е договорено три години премиер да биде Заев, една година Зибери

Точка

14/08/2020

19:16

2.289

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја демантирал веста објавена на Канал 5, а пренесена од неколку медиуми, дека е договорен премиер по принципот 3+1.

Канал 5 пред малку објави дека СДСМ демантирал дека со ДУИ се договориле 3 години премиер да биде Зоран Заев, а една година Насер Зибери. 

Не е точно ни дека биле договорени поделби на ресори, пишува Канал 5.

Од СДСМ порачале дека им стојат на располагање на медиумите, и очекува во духот на професионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

Од партијата рекле и дека доколку има било каков договор, навремено ќе ги извести граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг